Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оставете впечаток!

Оставете впечаток!
Отворивте ресторан..веќе многу инвестиравте?!...Но, што потоа... како да го развиете бизнисот ако немате пари за реклама. Поканете ги вашите пријатели на ручек......потрудете се задоволни да излезат од вашиот ресторан, да бидат најадени и позитивни. Замолете ги повторно да дојдат следниот ден и да застанат на ред пред вашиот ресторан, да прават метеж некое време, се со цел  да биде забележано од случајните минувачи. Психологијата на сите луѓе е иста, ако некаде се чека на ред за да се влезе, мора да има нешто посебно, независно дали е тоа ресторан, продавница или некој клуб. Имате состанок со важен клиент, а вашата фирма е уште во развој и немате доволно вработени. Со цел да оставите впечаток на сериозна фирма пред потенцијалниот клиент, денот кога имате состанок повикајте во вашата канцеларија што повеќе луѓе, да глумат работна атмосфера, а сѐ со цел да оставите подобар впечаток. Можеби е тоа процес на моментално искривување на вистината, но тоа е во функција на остварувањето на целите и развојот на компанијата. Илузиите се значаен дел од процесот на промоција. Илузиите и имиџот се главните фактори кои ја зголемуваат вредноста на една компанија. Некогаш за да се успее потребно е многу малку. Токму и затоа еден од идејните творци на герила маркетингот Ливингстон истакнува дека особено во денешни услови кога традиционалните медиуми се многу скапи, односите со јавност и герила маркетингот се наметнуваат како ефикасни алатки за промоција и постигнување на посакуваните цели. Сите оние кои започнуваат нов бизнис  имаат големи очекувања, позитивни емоции и желби. Со отпочнувањето со работа веќе се потрошени значителни финансиски средства, така што на секој дополнителен трошок се пристапува многу претпазливо и селективно и сигурно дека немате пари за реклами на ТВ, принт или рекламни паноа, односно на традиционалните медиуми кои се исклучително скапи.  Но промоција ви е потребна, а анонимноста е состојба која сакате брзо да се промени? За почеток на локално ниво, во поблиската околина, а потоа како што ќе расте бизнисот присуство и на националните медиуми. Затоа, време е да ги инкорпорирате односите со јавност-ПР-от во вашите планови! Недостигот на финансиски средства дополнително го засилува значењето на односите со јавност, како ефикасен, кредибилен и ефтин начин за промоција и можност за остварување на целите на компанијата. Односите со јавност се многу важен сегмент од развојот на една компанија, го претставуваат сето она што се комуницира, како и изборот на најразлични канали на комуникација.  Сите активности се насочени кон постигнување посакуван имиџ и перцепција,  кај сите оние со кои се контактира. Позитивната перцепцијата за вашата компанија и производи, се сигурен пат кон успехот. Потребна е само идеја за да почнете, а доколку имате изградена ПР стратегија која успешно ја имплементирате, голема е веројатноста да успеете. Направете нешто за Гинис, и веста ќе пропатува низ светските медиуми, а ќе се добие бесплатна промоција.  Многу нешта се во креативноста, и во приказната. Токму и затоа една холандска роза се продава во САД 10 долари, додека рози од Јужна Америка само 1 до 2 долари. Уште еден пример: Една Новозеландска компанија за производство на пиво,  наместо да инвестира средства во скапи традиционални медиуми, има решено да  вложи 10 пати помалку средста во изградба на пиво бар-брод кој ќе пропатува низ светот. На тој начин доби можност за бесплатен публицитет низ светските медиуми. Речиси сите познати медиуми ја пренесоа веста за патувачкиот пиво-брод, посветувајќи значајно време за оваа интересна вест. Сашо Дуљанов  
Слично

Поврзани вести