ОСТАВЕНО БЕБЕ: И таткото и мајката ќе го загубат родителското право!
Бебето кое вчера беше оставено на хауба од автомобил во центарот на Скопје, со видливи повреди на неговото тело, ќе живее во Домот за деца без родители во Битола, а на таткото и мајката најверојатно ќе им биде одземено родителското право.
Малата Мевљан закрепнува на Детската клиника и е во добра здравствена состојба. Полицијата денеска ги пронајде нејзините родители и утврди дека таткото во алкохолизирана состојба го грабнал девојчето, откако мајката не сакала да дозволи да излезе и да проси со 7-месечното бебе. Тој потоа го фрлил детето на хаубата од автомобилот и заминал.
Мајката во полиција пријавила дури 12 часа откако детето и било одземено. Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека постапката за одземање на родителското право ќе започне веднаш.
Таткото И.Р. доби и три кривични пријави за запуштање малолетно лице, тешка телесна повреда при вршење семејно насилство и загрозување на сигурност.
Слично
