Економија, финансии, бизнис

Контакт

Остар пад на побарувачката во автомобилската индустрија во ЕУ

Остар пад на побарувачката во автомобилската индустрија во ЕУ
Со остар пад на побарувачката во мај се соочи автомобилската индустрија во Европската Унија кога продажбата падна на најниско ниво во последните 20 години, соопшти денеска Асоцијацијата на европски производители на автомобили. Само на британскиот пазар во ЕУ е забележано зголемување во споредба со периодот пред една година.Во соопштението се наведува дека продажбата на автомобили во земјите на ЕУ во мај е намалена за 5,9 проценти за 1.040.000 возила, најлош резултат во овој месец од 1993 година. Во првите пет месеци од оваа година, продажбата на ниво на целата ЕУ, не вклучувајќи ги ја и  Малта е ослабено од 6,8 проценти. Во април, имаше благ пораст во продажбата од 1,7 отсто во однос на април 2012 година. Продажбата во Германија на најголемиот автомобилски пазар е намалена за 9,9 отсто во мај на годишна основа. Продажбата севкупно опадна и во Франција, во Италија за 8 отсто, а во Шпанија за 2,6 проценти. Единствена земја каде продажбата на автомобили порасна е Велика Британија, и тоа за 11 проценти.  

Слично

Поврзани вести