Економија, финансии, бизнис

Контакт

Остар пад на цените на акциите на „Wall Street“

Остар пад на цените на акциите на „Wall Street“

Американските компании „Wal-Mart" и „Cisco Systems" со лошите информации за прометот, вчера го предизвикаа најостриот процентен пад на цените на акциите уште од крајот на јуни , при што најголеми губитници беа акциите на малопродажните и технолошките компании.

Така, вчера на „Wall Street“ индексот Dow Jones потона за 1,47 отсто, на 15.112 поени, индексот S&P 500 за 1,43 отсто, на 1.661 поени, а технолошкиот индекс Nasdaq падна за 1,72 отсто, на 3.660 индексни поени. Така, падот на S&P 500 е за 1,4 проценти поголем од најголемиот негов пад забележан на 20-ти јуни годинава. Од почетокот на седмицава овој индекс е во минус од околу 1,8 отсто.

Најголемиот светски малопродажен синџир „Wal-Mart", неочекувано извести за пад на прометот во своите продавници во вториот квартал од 2013 година, а ги намали и процените на годинешните приходи и добивки, поради што цената на неговата акција падна за 2,6 отсто.

Призиведувачот, пак, на мрежни системи „Cisco Systems" најави дека ќе отпушти 4.000 работници, што ја спушти цената на неговата акција за повеќе од 7 отсто, и исто така го притисна остатокот од технолошкиот сектор.

„Значително паднавме, но не стануваше збор за панична распродажба, додколку се земе предвид колку се искачивме од почетокот на годината", истакна за „Reuters“ Џеј Џеј Кина, стратег во инвестициското друштво „TD Ameritrade". Додава дека иако индексот на страв VIX, кој укажува на нервозата кај инвеститорите, силно пораснал, и натаму останува под 15 поени. Индексот VIX, инаку, скокна во четвртокот за 12 отсто, на 14.55 поени, објави „Макфакс“.

Слично

Поврзани вести