„Остануваат уште шест дена“-нова герила акција
„Шарената револуција“ вечерва организираше герила акција пред Уставниот суд.
„Остануваат уште 6 дена до 18.06“ е пораката која е испратена со оваа акција.
„Денес одбројуваме од мостот "Око" и упатуваме граѓански поглед на излезот од кризата. Излез од кризата не може да има ако нема правда, а правда нема да има ако нема Специјално јавно обвинителство и ако нашите соборци и понатаму се под прогон“ - напишаа на Фејсбук.
Ова е уште една опомена до властите дека истекува рокот за исполнување на барањата на „Шарената револуција“ како утврдување на уставноста на СЈО и запирање на прогонот на граѓаните што протестираат.
Ова не е прва герила акција од ваков тип. Деновиве демонстрантите одбројуваат до истекување на ултиматумот преку различни активности.
Ако барањата не се исполнат, рекоа дека ќе ја земат правдата во свои раце.
