Економија, финансии, бизнис

Контакт

Остануваат уште петнаесетина дена за исплата на К-15

Остануваат уште петнаесетина дена за исплата на К-15

Фирмите имаат уште петнаесетина дена рок за исплата на К-15. 

Во спротивно можат да бидат казнети со вкупна глоба од околу 4.000 евра.

Регресот за годишен одмор, според законот е утврден на висина од најмалку 40% од основицата.  Додатокот К-15 изнесува 8.500 денари. Услов кој треба да се исполни за добивање на регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.

Фирмите треба да побараат дозвола од работниците, односно нивни претставници доколку сакаат да исплатат понизок износ од утврдениот. При тоа треба да исполнуваат неколку услови односно фирмата да има потешкотии во работењето. 

Спогодбата за измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор со која се овозможи исплата на К-15 е потпишана во 2013 година од ССМ и Организацијата на работодавачи.


Слично

Поврзани вести