Економија, финансии, бизнис

Контакт

Остануваат уште два дена, 12.480 компании аплицираа за државна помош

Остануваат уште два дена, 12.480 компании аплицираа за државна помош


На два дена пред истекот на рокот 12.480 компании аплицираа за мерката финансиска поддршка за исплата на платите. Станува збор за исплата на платите за месеците април и мај во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник со која се овозможува континуитетот на работните процеси.

Фатмир Битиќи, советникот во премиерскиот кабинет, додаде дека бројката на компании што аплицирале е охрабрувачка ако се знае дека до крајот на рокот за аплицирање остануваат уште три дена - денешниот, утрешен и целиот задутрешен ден (четврток) до 24:00 часот, и се очекува дека за мерката ќе аплицираат голем процент од компаниите кои ги исполнуваат условите.

„Аплицирањето за оваа мерка започна на 1-ви мај, и до сега, иако имавме празник и викенд, во Управата за јавни приходи се пристигнати нешто повеќе од 12.480 апликации“, истакна Битиќи.

Тој на прес-конференцијата уште еднаш ги повика сите компании кои сè уште немаат аплицирано за оваа финансиска поддршка, да го направат тоа што побргу преку системот за е-даноци на УЈП. Апликациите за месец април, треба да се достават најдоцна до крајот на задутрешниот ден, односно до 7-ми мај. 

Владата, кога ја донесе Уредбата за финансиска поддршка за исплата на платите, овозможи компаниите кои од 11-ти март до крајот на април отпуштиле одреден број работници, сега да можат да ги вратат и на тој начин да ги искористат придобивките од оваа мерка.




Слично

Поврзани вести