ОСТАНУВА НА ЧЕЛО НА УЈП: Реизбран Трајковски!
Трајковски е повторно избран за директор на УЈП, иако постоеа шпекулаии дека некој друг ќе седне на неговото место.
Горан Трајковски е директор на УЈП од 2006 година, откако ВМРО ДПМНЕ е на власт. Ја наследи Петра Митева. Инаку, првиот даночник Горан Трајковски беше на челната позиција во скопската УЈП, кога на власт беше гарнитурата на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Љубчо Георгиевски.
Директорската позиција во УЈП, според информациите е дел од политичкиот договор во Пржино, за излез од политичката криза во која влезе Македонија, бидејќи името на Трајковски беше доста споменувано и во прислушуваните разговори што ги објавиваше опозицијата. Сепак за кадровски решенија досега не разговарале двете најголеми партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Инаку, во моментов даночниците се без заменик директор откако неодамна во Струга беше застрелан Аргетим Асани.
Работата на Управата за јавни приходи беше критикувана и во извештајот на германскиот експерт Рајнхард Прибе, кој понуди и препораки за ослободување од политичките стеги на оваа институција.
Слично
