Економија, финансии, бизнис

Контакт

Останува ли Визер во Македонија?

Останува ли Визер во Македонија?

Визер ќе опслужува четири нови дестинации од Охрид и две нови од Скопје. 

Нискобуџетната авкиокомпанија Визер е избрана на јавниот повик за авиосообраќање во Република Македонија, кој, како што информираше на прес-конференција министерот за траспорт и врски Горан Сугаревски, завршил денеска, а компанијата ги исполнила сите услови и критериуми во повикот. 

На третиот јавен повик, откако претходните два беа неуспешни, пристигнало само едно барање и тоа од Визер, а Сугаревски појасни дека иако во текот на целата година се правале разговори и со други компании, тие најверојатно не се пријавиле од ним познати деловни причини.

Согласно критериумите Визер има обврска да почне со оперирање на најмалку четири нови дестинации од аеродромот Свети Апостол Павле – Охрид и тоа првите две до 26 март 2019, а другите во рок од една година од денот на склучувањето на договорот и истите да ги опслужува за период за кој се доделува финансиска поддршка. Компанијата има обврска да опслужува две нови линии од меѓународниот аеродром во Скопје до 26 март и да ги опслужува најмалку две години.

Во однос на финансиските средства, предвидени се најмалку 312 милиони денари или околу пет милиони евра за период од 2019-2022. За следната година се предвидени 86 милиони денари, за 2020 204 милиони денари, за 2021 104 милиони денари, а за 2022 година 17 милиони денари.

„За секоја нова дестинација од аеродромот во Скопје ќе се додели финансиска поддршка во износ од девет евра по патник во заминување во првата година од договорот, осум евра по патник во заминување во втората година, седум евра за третата година. За секоја нова дестинација воведена од аеродромот во Охрид ќе се додели финансика поддршка од 13 евра по патник во заминување во првата година, 12 евра во втората година и 11 евра во третата година“, вели Сугаревски.

Тој честиташе на компанијата Визер и кажа дека таа останува серозен партнер во авиосообраќајот во земјава. 

Слично

Поврзани вести