Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСТАНАА УШТЕ ДВА ДЕНА: Досега пријавени над 6500 спорни гласачи во ДИК

ОСТАНАА УШТЕ ДВА ДЕНА: Досега пријавени над 6500 спорни гласачи во ДИК

6597 е бројот на пријавени спорни гласачи кои до денес побараа Државната изборна комисија да ги тргне од листата за да можат да го остварат своето избирачко право .

Бројката покажува дека одѕивот е премал во однос на 39 502 вкупни спорни гласачи.

ОД вкупно поднесени 6601 поднесена апликација, ДИК до моментов прифати 6466 , во обработка се 98 а во фаза на разгледување се 37.

Речиси 40 илјади граѓани треба да појдат во ДИК за да бидат запишани во избирачкиот список и да можат да го остварат своето гласачко право, а рокот е до 19 август што значи уште два дена.

Доколку спорните гласачи  не се пријават во предвидениот рок кој е 25 дена за да ги расчистат сите неправилности во однос на податоците, ДИК ќе има право да ги избрише.

Слично

Поврзани вести