Останаа само зборови од власта: Студентите бараат достоинствени услови за живот во студентските домови
Услови какви што им доликуваат на идните акдемски граѓани, побараа денеска од Студентскиот пленум.
Хигиенски услови и храна, и пристоен кров над глава е се што им е потребно, наспроти мувлата, влагата , крововите кои паѓаат.
Власта многупати досега им ветуваше реконструкции, но проблемите уште им висат над глава.
Грдата слика уште е на прагот на студентскиот „Гоце Делчев“ кој е дом на 1200 студенти.
Од студентскиот пленум порачаа дека овој пат нема да молчат, ќе одат до крај за исполнување на нивните барања аа реновирање на домовите, а доколку институциите и власта останат глуви ќе следат порадикални чекори.
КОј ГИ КРАДЕ СТУДЕНТИТЕ: Се рушат домови, а парите од студентска членарина тајна!?
Милионските суми кои се влеваат во касата на Студентскиот парламент се табу тема за студентите. Никој не знае каде завршуваат парите по основ на задолжителна чланарина од 250 денари кои секој студент мора да ги уплати на сметка на организацијата, а добар дел од студентите особено оние кои се сместени во студентските домови сеуште живеат во мизерни и субстандардни услови.
