Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осомничените во „Молња“ негираат поврзаност со кумановската група

Осомничените во „Молња“ негираат поврзаност со кумановската група

Осуммина осомничени во случајот „Молња“ на денешната јавна седница за оцена на обвинителниот акт, се изјасниле дека не се чуствуваат виновни.

Судскиот совет на Кривичниот суд го разгледуваше обвинителниот акт против групата која се товари за помагање и логистика на терористите кои лани во „Дива населба“ во Куманово, убија осум припадници на македонската полиција. Осомничените Фазли Османи, Мусадик Пајазити, Рахми Љатифи, Сеабудин Абдулахи, Ејхам Арифи, Ибраим Муртезани, Ебиб Алија и Бесник Бајрами  рекле дека не се чуствуваат виновни и негирале дека ги сториле кривичните дела наведени во обвинителниот акт.

Обвинителот, пак тврди дека располага со докази од кои се гледа дека обезбедувале пари, сместување и оружје. Освен тоа, тие на терористите им помогнале нелегално да влезат од Косово во Македонија.

Слично

Поврзани вести