Осомничениот за убиството во Ѓорче Петров доби 30 дена притвор
На осомничениот за убиството на матурантот Ангел Петковски, 19-годишниот Насер Е. од Грчец, му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Против него е покренато обвинение дека сторил кривично дело убиство. Осомничен е дека го убил Ангел Петковски затоа што овој го фатил додека се обидувал да му го украде велосипедот.
Насер Е. беше уапсен веднаш по убиството, ноќта ја помина во полициска станица, а според полициски извори, тој го признал делото за кое се сомничи.
Ножот со кој било извршено убиството се уште не е пронајден.
Слично
