Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осомничениот за убиството на Фросина седна на обвинителската клупа

Осомничениот за убиството на Фросина седна на обвинителската клупа

Лицето кое е осомничено за сообраќајната несреќа,која беше кобна за дваесетгодишната студентка, Фросина Цековска од Крива Паланка, денеска седна на обвинителската клупа.

Пред седум месеци Фросина загина пред Универзална сала, откако возило со огромна брзина ја прегази на пешачкиот премин на Партизанска, а возачот избегал од несреќата.

Сега тој се товари за две кривични дела: кривично дело, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и кривично дело, неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Но, од друга страна пак, семејството на Фросина во неколку наврати изрази сериозни сомнежи дека притвореното лице е вистинскиот убиец на нивната ќерка.

Во септември, по разговорот со Обвинителството, таткото на Фросина изјави дека верува оти вистинскиот убиец е на слобода.

Тој вели дека отпечатоците на човекот кој сам се пријавил дека ја прегазил Фросина, не се совпаѓаат со отисоците кои се пронајдени при истрагата. Тој се сомнева дека отисоците од воланот биле избришани и дека лицето кое се пријавило во полиција не е вистинскиот убиец.

- Некој јак човек стои позади ова, рече тогаш таткото на Фросина.

Во текот на денешната главната расправа, ќе бидат презентирани неколку вештачења за сторените конкретни пропусти во сообраќајот (прекумерна брзина и алкохол во крвта кај возачот), како и судско медицински извештај од обдукцијата на сега покојната Фросина Цековска, од кои ќе може да се утврди причинско-последичната врска на сообраќајната несреќа со смртниот исход. Освен ова, предложено е и испитување на сведоци - очевидци на настанот.“​

Слично

Поврзани вести