Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oсомничениот за трикратното убиство во Србија одзел 43.000 евра и ги закопал во нива

Oсомничениот за трикратното убиство во Србија одзел 43.000 евра и ги закопал во нива

Српските медиуми денеска објавуваат детали за трикратното убиство во Алексинац, каде беа убиени мајка, татко и нивната ќерка. Според медиумите,  полицијата наводно пронашла 43.000 евра, а првичните сомнежи се дека тие се украдени од автомобилот на семејството Ѓокиќ откако се убиени.

Полицијата наводно парите ги пронашла во запуштена нива зад куќата на еден од синовите на осомничениот Горан Џониќ. Полицијата пронашла ископано парче земја и таму, како што пишуваат српските медиуми, поставени се полициски ленти.

Џониќ по злосторството наводно закопал дел од својот „плен“ во дворот на куќата на неговиот син, а со дел од парите платил долг, а се верува дека оваа постапка го издала и сомнежот паднал врз него. Српските медиуми јавуваат дека осомничениот присуствувал на погребот на убиените.

Ова тричлено семејство беше убиено, а телата беа запалени. 

Слично

Поврзани вести