Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oсомничени во „Тортура“ на распит во судот

Oсомничени во „Тортура“ на распит во судот

Во Кривичниот суд во Скопје денеска на распит пред судија на претходна постапка треба да бидат сослушани шест лица опфатени во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“.

Тие се товарат за нечовечното постапување при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски. Првоосомничен во „Тортура“ е поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, второосомничен е Ивица Анчевски – Пуки, командант на единицата Алфи и уште петмина полициски службеници.

Против сите лица кои се во работен однос во МВР до Основниот суд Скопје 1 Скопје е поднесен предлог за определување на мерка на претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Според СЈО, осомничените со нечовечкото постапување му нанеле душевно страдање на Бошковски, му било понижено човековото достоинство и личноста и го дискриминирале врз политичка основа, што се докажува и од вештачењето за неговата психофизичка состојба во тој момент.

Слично

Поврзани вести