Економија, финансии, бизнис

Контакт

Осомничен за воени злосторства ја поминал Македонија, бил уапсен во Грција

Осомничен за воени злосторства ја поминал Македонија, бил уапсен во Грција
На македонско-грчката граница, грчката полиција го уапсила српскиот државјанин Ѓука Богуновиќ по кого Хрватска со меѓународна потерница трага заради обвиненијата за воени злосторства. Хрватска го обвинува Богуновиќ за воено злосторство - измачување на заробеници во затворот во Глина, каде што работел како чувар. По него распишала потерница преку Интерпол. По акцијата „Бура“, тој побегнал во Србија каде што живеел со неговото семејство. Пред два дена со своето семејство тој тргнал на одмор во Грција, ја поминал Македонија, но го запрела грчката полиција на Евзони, објавија хрватските медиуми.
Слично

Поврзани вести