Економија, финансии, бизнис

Контакт

Основно училиште во Охрид остана без струја заради неплатени сметки!

Основно училиште во Охрид остана без струја заради неплатени сметки!
Основното училиште „Григор Прличев“ од Охрид, како и Јавното претпријатие „Билјанини извори“, се на списокот на должници кои од утрово се без струја, откако ЕВН започна акција за исклучување на неплаќачите. Наставата во училиштето се одвива со скратени часови од по 15 минути, а одложени се и родителските средби закажани за денеска, јавија охридските локални медиуми. Според училишната управа, причина за ваквата ситуација е блокираната жиро-сметка заради која не можат да се исплатат средствата. Заради недостиг на средства, училишта во Струга и Кичево сезонава останаа и без греење. Заради долг од над осум милиони денари кон ЕВН од синоќа без струја е и ЈП „Билјанини извори“. Општинските власти склучија договор со ЕВН за одложена исплата на долгот што го има „Билјанини Извори“ за потрошена електрична енергија, но поради лоша финансиска „кондиција“ јавното претпријатие не успеа да го сервисира долгот ниту на овој начин.  
Слично

Поврзани вести