Економија, финансии, бизнис

Контакт

Основен суд Скопје 1 тврди дека СЈО не барало претрес во Централниот регистар

Основен суд Скопје 1 тврди дека СЈО не барало претрес во Централниот регистар

Преку соопштение до јавноста од Основниот суд Скопје 1 денеска велат дека СЈО побарало наредба за одземање документација од Централниот регистар на РМ меѓутоа тврдат дека наредба за претрес не е побарана.

„Издадената наредба за одземање документација која е побарана од страна на СЈО во овој случај како и во повеќе предмети претходно покажува дека Основен суд Скопје 1 – Скопје соработува и има позитивен пристап кон работата на СЈО во извршувањето на нивната законска надлежност и овластувања наспроти јавно пласираните информации дека ова Обвинителство се соочува со најголем отпор токму со овој суд како што и тие самите наведуваат во нивниот извештај“, велат од Судот.

Во однос на прашањата каква е постапката во случај ако од Судот се побара наредба за претрес, Основен суд Скопје 1 соопштува дека „тоа е дел од мерки за обезбедување лица и предмети од Законот за кривично правоодносно од чл.181 до чл.192, каде согласно чл.186 по поднесено барање за издавање наредба за претрес, судијата одлучува веднаш, најдоцна 12 часа од приемот на барањето“. Претресот, појаснува Судот, се извршува под посебни правила утврдени со закон, а во време утврдено во чл.190 од ЗКП.

Од Основниот суд Скопје 1 се без коментар за вчерашната акција на СЈО. Оттаму наведуваат дека „нивните оперативно тактички мерки на клопка и заседа на институциите повикувајќи се на судски наредби и анонимни дојави кои што повеќе наликуваат на холивудско сценарио, а не на сериозно и посветено извршување на функцијата на еден орган како што е СЈО“

Слично

Поврзани вести