Економија, финансии, бизнис

Контакт

Основан Локален економско социјален совет на Град Скопје

Основан Локален економско социјален совет на Град Скопје

Спогодба за основање Локален економско социјален совет (ЛЕСС), денеска потпишаа претставници на Град Скопје, Организацијата на работодавци, Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерација на слободни синдикати, како заедничко консултативно и советодавно тело на Град Скопје.

Спогодбата ја потпишаа градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Организација на работодавците на Македонија, Ангел Димитров, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, в.д претседателот  на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Виолетка Спасевска и директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн.

- Основна цел и задача на ЛЕСС е воспоставување на јавно-приватен дијалог и иницирање на проекти за развој на Градот Скопје, подобрување на севкупното живеење, на квалитетот на работењето на локалната самоуправа, јавните претпријатија, обезбедување на поефикасни услугите за граѓаните и бизнисите, што во крајна инстанца ќе придонесе за економски развој на Градот во целост, и особено намалување на невработеноста на младите, изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Седиштето на ЛЕСС, кој ќе има 17 членови, ќе се наоѓа во Град Скопје. ЛЕСС има консултативно-советодавна функција и разгледува прашања и дава мислења, предлози и препораки за одредени прашања од економско социјалната сфера, особено прашањето за вработувањето на младите и зајакнување на суштинските врски меѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем.

Локалниот Економски Социјален Цовет ќе ги следи состојбите и разгледува прашања кои се однесуваат на подобрувањето на економско социјалната положба на работниците и работодавците во градот и ќе дава свои мислења и предлози, особено поврзани за прашањата како: локалната економска политика и мерки за економскиот и социјалниот развој и стабилност; политика на вработувањето, особено вработувањето на младите; политика на цените и платите; конкуренцијата и продуктивноста; животниот стандард и сиромаштијата; развивање и унапредување на колективното договарање; поттикнување на мирното решавање на колективните работни спорови; подобрување на работните услови и заштита на работа; заштита на работната и животната средина; образование и професионална обука; здравствена и социјална заштита и сигурност; детската заштита; заштита на возрасните лица и лица со посебни потреби; демографски движења; приватизација..

Слично

Поврзани вести