Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСНОВАЧОТ НА ЛУКОИЛ ПОДНЕЛ ОСТАВКА: Од почетокот на војната во Украина, Алекперов загуби 3,5 милијарди долари, тој е и на листата на санционирани Руси

ОСНОВАЧОТ НА ЛУКОИЛ ПОДНЕЛ ОСТАВКА: Од почетокот на војната во Украина, Алекперов загуби 3,5 милијарди долари, тој е и на листата на санционирани Руси

Директорот и основач на рускиот нафтен Лукоил, Вагит Алекперов, кој повика на брз прекин на воената операција на Кремљ во Украина, објави дека поднел оставка и дека ја напушта компанијата.

Лукоил излезе со кратко соопштение во кое не ја наведе причината за одлуката да го напушти најголемиот руски производител на нафта. Соопштението дојде помалку од два месеци откако Лукоил стана една од првите големи домашни компании што се изјасни против руската операција во Украина.

„Ние сме за итен прекин на вооружениот конфликт и целосно го поддржуваме неговото решавање преку преговарачкиот процес и преку дипломатија“, соопшти Лукоил на 3 март.

Но, и покрај тоа, Алекперов беше додаден на списокот со санкции што Британија ги подготви против моќните руски бизнис лидери, со кои Лукоил има блиски врски. Од Лукоил соопштија дека Алекперов поднел оставка и од функцијата извршен директор и претседател на управниот одбор на компанијата. Компанијата соопшти дека контролира 3,1 отсто од акциите на Лукоил со право на глас и дека е корисник на уште 5,4 отсто од акциите од 31 март.

Во претходниот период, од почетокот на конфликтот во Украина, Алекперов загуби 3,5 милијарди долари, додека акциите на компанијата паднаа за 19%.

ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Слично

Поврзани вести