Економија, финансии, бизнис

Контакт

Основачот на Linkedin ќе му даде 5 милиони на Трамп под еден услов

Основачот на Linkedin ќе му даде 5 милиони на Трамп под еден услов
Рид Хофман, еден од ко-основачите на Linkedin вети дека ќе му даде 5 милиони долари на Доналд Трамп да ја води кампањата за претседател на САД, но само под еден услов, а тоа е ако го објави неговиот даночен извештај од кој ќе може да се види колку приходи остварил наводниот милијардер, дали и должи на државата и колкави даночни олеснувања добива. Трамп уште кога се кандидираше соопшти дека има нето вредност од над 9 милијарди долари, но експертите критикуваат дека тоа се главно недвижнини на име на неговата корпорација, додека пак вистинската вредност на Трамп е многу помала и изнесува стотина милиони долари. Исто така има огромни сомнежи за финансиската состојба на корпорацијата на Трамп бидејќи тој цела година не ги објавува даночните извештаи правдајќи се дека платил тим на скапи адвокати кои не можеле целосно да ја завршат работата зададена од даночните власти на САД. Трамп вети дека ќе воведе даночни реформи бидејќи бизнисмените трпат огромни штети токму поради даночниот код. Неговата кампања засега одбива да ги коментира барањата на Хофман.
Слично

Поврзани вести