Осмомартовска предизборна кампања-градоначалниците ги испразнија цвеќарниците!
Со ружи, каранфили, па дури и парфеми и чоколади, кандидатите за градоначалници тргнаа во лов на женските гласови. Цвеќарниците триеја раце, а кандидатите им го честитаа 8-ми март на припадничките од понежниот пол во нивните општини.
По скопските улици, пазари, пензионерски домови, идните градоначалници делеа рози и каранфили
Коце Трајановски во пензионерските домови, Јани Макрадули по скопските улици делеа рози за Среќен 8-ми март. Во Гази Баба пак, актуелниот градоначалник Тони Трајковски делеше рози на жените низ пазарите на својата општина.
И Андреј Петров, кандидатот за градоначалник од СДСМ, со цвеќе се прошета низ Карпош. „Драги мои дами, ви го честитам денешниот празник, и пред се, ви посакувам да останете тоа што сте, столб на секое семејство и на оваа наша општина“, рече Андреј Петров кој на припадничките на понежниот пол денеска им подари рози.
Во Центар, пак цвеќиња делеше Андреј Жерновски.
Штипјанки најсреќни, добиваа и чоколада
Со делење каранфили, кандидатот за градоначалник Здравко Коцев од СДСМ и кандидатите на членови на советот на Општина Штип им го честитаа 8-ми Март на сите припаднички од понежниот пол.
„Ние денес се потрудивме да им го честитаме празникот на сите жени, мајки, сопруги. Да им биде весел, убав и да бидат убави како цвеќе“, изјави тој.
Илчо Захариев, пак кој е кандидат за градоначалник на Штип од ВМРО ДПМНЕ, им делеше ружи на текстилните работнички.
„Жените се столб на секое општество, носечка греда на секое семејството. Ако нив ги нема нема да има продолжување на родот.Затоа ние денеска сакаме да им оддадеме почит“, истакна Захариев.
Цвеќиња и за Охриѓанки
И во Охрид денеска се делеа цвеќиња. Актуелниот градоначалник на Охрид Александар Петрески, кој се кандидираше за нов мандат, денеска прошета низ чаршија и на припадничките на понежниот пол со цвеќе им го честиташе 8 март.
„Ја користам оваа прилика да им го честитам празникот 8 Март на припадничките на понежниот пол, им посакувам секој ден од годината да им биде весел и празничен како овој. Само да се погледне советничката листа на „Сојузот на иднината“ можете да се уверите за застапеноста на жената во нашите редови, како според бројот така и според местата на листата. Убеден сум дека жените работат чесно, мошне професионално и со повеќе емоции во сите активности“, истакна тој. Петрески исто така го посети и штабот на ВМРО ДПМНЕ, делејќи им рози на жените што работат во кампањата на Бакрачески.
И Талат Џафери делеше цвеќиња
Талат Џафери, актуелниот министер за одбрана денеска со цвеќе им го честиташе на жените во одбраната, празникот 8-ми март.
„Се собравме овде да одбележиме меѓународен ден, со што требаше да покажеме и покажуваме дека жените се рамноправни во Армијата. Во таа насока е креиран и Комитетот за родова перспектива и родова еднаквост“, рече Џафери.

Слично