Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи прв од Македонија што ќе лета директно од Атина до Скопје

Османи прв од Македонија што ќе лета директно од Атина до Скопје

Вицепремиерот Бујар Османи ќе биде првиот македонски државјанин што ќе се качи на авионскиот лет што ќе го означи стартот на возобновената линија Атина - Скопје в четврток. Преговарачот со ЕУ сепак нема да го направи тоа од Скопје, туку од Атина, од каде ќе биде означен стартот.

Османи прво ќе оствари средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, по што, од грчкото МНР, заедно ќе се упатат кон атинскиот аеродром “Елефтериос Венизелос”, од каде што вицепремиерот, во Македонија ќе се врати со првиот лет од Атина за Скопје.

Директната линија Атина - Скопје се воспоставува по пауза од над 10 години по затоплувањето на односите на двете земји, промената на античките имиња во духот на добрососедството од стран на македонската влада и потпишувањето на преспанскиот договор.

Летот на 1 ноемрви е во 18.40 часот по локално време, а во Скопје пристигнува по 1 час и 15 минути, односно во 18.55 часот по македонско време.


Фото: Фејсбук/Бујар Османи


Слично

Поврзани вести