Економија, финансии, бизнис

Контакт

Османи: Од Нимиц имаме предлог кој не задира во идентитетот на Македонците, ајде да го решиме името!

Османи: Од Нимиц имаме предлог кој не задира во идентитетот на Македонците, ајде да го решиме името!
Портпаролот на ДУИ Бујар Османи синоќа за 24 вести изјави дека предлогот на Нимиц за името не задира во идентитетот на Македонците. -До сега немаше вистински преговори со Грција. Секогаш се разговараше за сет идеи. Сега имаме конкретен предлог. Потребно е да се седне на маса, и во директни преговори да се дојде до трајно решение, се додека не се затвори прашањето, по модел со кој на таква маса седнаа Србија и Косово. Само така ќе се реши овој проблем, вели Османи. Според Османи за ДУИ е прифатливо секое име што ќе го прифатат македонските политички партии освен славо Македонија, етничка Македонија и БЈРМ. -Ризикот од неинтегрирање на земјата кон НАТО и ЕУ е многу поголем отколку ризикот од решавање на спорот согласно овој предлог што сега е на маса, додаде Османи, кој смета дека станува збор за интересен предлог кој треба да се разгледа најскоро.
Слично

Поврзани вести