Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОСМАН КАДРИУ: Сега се зависи од (не)пристрасноста на судиите!

ОСМАН КАДРИУ: Сега се зависи од (не)пристрасноста на судиите!

На избори не смеат да се кандидираат  политичари кои имаат криминални досиеа и се инволвирани во масовни кршења на избирачките и човекови права и слободи, вели во објаснувањето што за Фактор го даде професорот Осман Кадриу. Со Кадриу разговараше Горазд Чомовски. Ставот на Кадриу Ви го пренесуваме во целост:

Можеше да се очекува дека Специјалното јавно обвинителство ќе  оформи  предмет и покрене процедура. Јанева и нејзиниот тим ја имаат јавно изнесената  поддршка  од   странските амбасадори акредитирани  во  Македонија и не потклекна под притисоците на дел од партиската и медиумска хајка во Македонија. Фактот што Специјалното јавно обвинителство говори за конкретни  докази и усмени сведочења за  противзаконски дејствија и во истовреме  наведе  конкретни имиња на високи владини функционери кои работеле спротивно на законот,  укажува на сериозноста со која досега се работело. Сметам дека позитивно ќе биде прифатена  активноста на Специјалното јавно обвинителство  затоа што  јавноста и граѓаните очекуваат навистина да се расветлат сите овие  дeвијантни појави, криминали и корупција што се направени и кои доведоа до една  политичката  криза  од која многу тешко излегува државата. За надминување  на  внатрешни  проблеми  потребно е целосно расветлување на детектираните незаконитости. Токму и затоа  беше формирано Специјалното јавно обвинителство  бидејќи се покажа дека постоечкото Обвинителство, на чело со Марко Зврлевски, но и судска власт беа инертни во гонењето на криминалот и  корупцијата од причина што добар дел од нив и самите се инволвирани во  овие девијации. Откако СЈО се определи за дела што зборуваат за изборни манипулации, се само индиции дека во моментов не постојат услови за да можеме да имаме фер и демократски избори  во април и дека и сите задачи  од политичкиот договор  во Пржино не се реализирани.  Изборите мора да се пролонгираат за неколку месеци.  Покрај политичката  мора да  има и кривична одговорност за да можеме  ние на предвремените  парламентарни избори  да имаме чиста слика кој може и кој има право  да спроведува и да организира избори, а истовремено и кој ќе има право  да  учестува на изборите. Лицата кои се инволвирани во тешки девијантни појави тие апсолутно немаат  ниту законско ниту уставно право  да бидат носители на листи или предложени кандидати за пратеници . Најсуштинско прашање е сега дали судиите  ќе  судат  независно и непристрасно. По донесувањето на законот за Специјално јавно обвинителство  кажав  дека оваа институција ќе има резултати и ќе може  до крај да го расветли  овој тежок криминал само под услов ако се  формира и Специјален  суд. Тоа не се направи од причина што за Специјален суд  треба да се интервенира и во самиот Устав,  затоа што сегашната уставна регулатива не дозволува формириање на  Специјален суд. Треба да се  направи уставна интервенција,  но кај политичките елити не постоеше волја за отварање во  Уставот и остана само  да се формира Специјално јавно обвинителство  а постоечко  судство да остане надлежно за сите предмети кои ќе бидат процесуирани од страна на тимот ја Катица Јанева. Добро е што  во надлежност на Специјалното јавно обвинителство се и случаиите „Надеж “ и „ Маџар телеком“,  без разлика кои политичари се инволвирани. Важно е да се прифати како надлежен орган, да се покрене постапка и да се утврди дали има или не   такви дела и кои се носители  на  криминалите дејствија.
Слично

Поврзани вести