Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ослободување на медиумите – најголем предизвик од Пржино

Ослободување на медиумите – најголем предизвик од Пржино

Деконструкција и ослободување на медиумите е една од најважните точки во договорот од Пржино, со која треба да се обезбедат фер и праведни избори.

Лидерите на четирите политички партии на ова прашање до сега посветија само еден состанок, а наредниов период ќе им биде главна тема на преговарачката маса.

Во пресрет на ова прашање, партиите веднаш се фатија „ в гуша", обвинувајќи се кој е виновникот што медумите ни се узурпирани и донесени на ова ниво.

Од опозициската СДСМ велат:

„Никола Груевски постојано шири лаги преку медиумите под своја контрола. Во изминатите 10 години тој ја задуши слободата во медиумите. Парите на граѓаните најдрско ги злоупотреби за притисок врз медиумите и за воспоставување контрола, но неговото време помина. По 24-ти април, во слободна Македонија предводена од СДСМ, слободата на медиумите ќе биде загарантирана."- стои во соопштението.

ВМРО ДПМНЕ пак возврати:

„Кога СДСМ зборува за медиумски слободи, тоа е исто како Ал Капоне да зборува за редовно плаќање данок или Заев за одбрана на името на Македонија. СДСМ е единствената партија која организираше протест пред приватен медиум и пред националниот сервис заканувајќи се со насилно преземање на уредништвото на МРТВ. Народот знае да препознае и ќе ги казни ваквите бесмислици на 24-ти април" - реагираат од владејачката партија.

Проблемот со медиумите е во фокусот и на извештајот од Прибе, каде е потенцирано дека е неопходно нивно ослободување од било каков политички притисок. Потребно е особено јавниот сервис да биде непристрасен и независен од било какви центри на моќ.

За исполнување на овај предизвик не е наведен конкретен рок, но секако дека таа работа треба да се заврши пред изборите во април.

Слично

Поврзани вести