Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ослободени стотици заложници на Боко Харам

Ослободени стотици заложници на Боко Харам
Силите на Нигерија и Камерун  во саботата ослободија стотици заложници на исламистичката Боко Харам во нигерискиот град Кумше. Ослободени се и киднапираните девојки кои биле обучени за бомбаши самоубијци, а во акцијата се убиени стотина милитанти. Боко Харам пред шест години почна да се бунтува во Нигерија, а потоа се прошири во Камерун, Нигер и Чад. Групата стана позната во меѓународната  јавноста откако киднапираше 300 ученички во градот Чибок во Нигерија, а повеќе од 200 девојки се водат како исчезнати.
Слично

Поврзани вести