Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ослободен пратеникот од екстремистичката партија „Златна зора“

Ослободен пратеникот од екстремистичката партија „Златна зора“

Судот во Атина ги отфрли сите обвиненија против скандалозниот пратеник од десничарската екстремистичка партија „Златна зора“ Елиас Касидиарис.

Против него беше покренато обвинение за напад врз двајца политички противници.

За време на телевизиската дебата во 2012 година Касидиарис нападна две жени во студиото. Според судот тој не им нанел „тешки телесни повреди“, како што се вели во обвинението. За време на дебатата пратеникот и удрил шамар на претставничката на комунистичката партија, а против друга жена од „Сириза“ тој фрли чаша со вода, потсетуваат грчките агенции.

Касидиарис, заедно со уште неколку пратеници од „Златна зора“, се наоѓаат во притвор. Сите тие се обвинети за учество и водење на криминална организација.

Слично

Поврзани вести