Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оштетена топловодна мрежа од изведувач на градежни активности во скопска населба

Оштетена топловодна мрежа од изведувач на градежни активности во скопска населба

При изведба на градежни активности за новопроектираната улица ”Есенинова”, изведувачот на улицата оштетил дел од топловодната мрежа со која со топлинска енергија се снабдуваат потрошувачите во населбата Кисела Вода.

Екипите на БЕГ излегоа на лице место и интензивно работат на санација на оштетениот топловод, информира снабдувачот.

Се очекува оштетувањето на топловодната мрежа да биде санирано за неколку часа, по што ќе се нормализира испораката на топлинска енергија до потрошувачите.


Слично

Поврзани вести