Оштетена е и српската амбасада во Техеран
Српскиот претседател Александар Вучиќ, во неговото денешно обраќање го коментираше оштетувањето на српската амбасада во Техеран. Персоналот ќе се повлече во Азербејџан.
„Таа е оштетена, цел на американскиот напад беше базата Басидж. Шрапнели ја оштетија нашата амбасада. Важно е да кажеме дека нашите луѓе се повлекуваат кон Баку и Азербејџан, документацијата е уништена и запалена целосно, во согласност со правилата. Нашиот амбасадор ќе замине во Баку со луѓето од дипломатското претставништво, но на лично инсистирање ќе се врати во Техеран, таму имаме еден брачен пар со сурогат бебе и сакаме да направиме сè што можеме за да им помогнеме“, рече тој.
И тие ќе евакуираат луѓе од Блискиот Исток.
фото Фејсбук/Александар Вучиќ
