Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ориент Експрес“ нема да поминува низ Скопје, прекин на линијата до Солун

„Ориент Експрес“ нема да поминува низ Скопје, прекин на линијата до Солун
Балканскиот „Ориент Експрес“, поточно железничката линија Белград-Скопје-Солун од денес нема да биде во функција и меѓународниот воз со огромна традиција нема да превезува патници. Причината за тоа е изведување на градежни работи на железничката пруга во Србија и меѓународната линија ќе биде во прекин се до наредната година кога возниот ред ќе го усогласат „МЖ Транспорт“, „Србија воз“ и „Trainose“ - Грчки железници. orient ekspres   Возот Ориент Експрес инаку е воведен далечната 1883-та кој ја поврзувал речиси цела Европа од Париз, преку Виена до Истанбул, а низ годините повеќе пати се менувале рутите. Ова име е искористено и за книга на англиски патеписец кој ја опишува борбата на ВМРО по Илинденското востание, но зачудува што таа никогаш не е преведена на македонски.
Слично

Поврзани вести