Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орхан Муртезани повеќе нема да ја раководи својата транспортна компанија, се подготвува за МЕПСО?

Орхан Муртезани повеќе нема да ја раководи својата транспортна компанија, се подготвува за МЕПСО?

Орхан Муртезани, портпаролот на Алетернатива. може слободно да мисли на својот нов политички ангажман, откако повеќе не е управител на транспортната компанија Оки Транс Логистик.

Неговото место го превзема, како што потврди во телефонскиот разговор, неговиот брат. За Муртезани, еден од најиспрофилираните членови на Алтернатива како нов коалиционен партнер во владеачкото мнозинство, се пишува дека ќе биде новиот директор на МЕПСО.

Македонскиот електропреносен систем оператор и Министерството за здравство се најголемите државни институции кои треба да ги раководи Алтернатива, откако партијата на Африм Гаши постигна договор со се уште актуелниот премиер Зоран Заев.

- Тоа е транспортна компанија која што е единствено претпријатие чиј основач сум. Но тоа што не сум управител повеќе, не е поврзано со тоа во иднина дали ќе бидам раководител на институција што произлегува од коалицискиот договор. Таму бев управител само 11 месеци додека мојот брат да ја стекна потребната лиценца, ни изјави Муртезани.

Орхан Муртезани, познат во јавноста како долгогодишен портпарол, е еден од основачите на Алтернатива. Роден е во Сарај, Скопје. По професија е економист, дипломирал на Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, додека постдипломските студии ги продолжил во Универзитетот ‘„Мармара’’ во Истанбул во отсекот Менаџмент и организација. Течно зборува англиски и турски јазик, а порано беше генерален директор на Македонски железници - Транспорт.

Во последно време вообичаено е премиери, министри, директори на јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост и градоначалници да доаѓаат од бизнисот. Муртезани треба да го наследи Куштрим Рамадани од ДУИ на директорското место на МЕПСО.

А.К.

Слично

Поврзани вести