Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орешански: Бугарија и понатаму инсистира на договорот за добрососедство со Македонија

Орешански: Бугарија и понатаму инсистира на договорот за добрососедство со Македонија
Бугарија и натаму инсистира на договорот за добрососедство и соработка со Република Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Пламен Орешански по средбата со премиерот Никола Груевски Ќустендил, каде владите на двете земји одржаа неформална заедничка мини седница. - Бугарија го поддржува членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ, како и на сите земји од Западен Балкан. Инсистираме на Договорот за добрососедство и соработка и се надеваме дека работата за тоа ќе продолжи со зголемено темпо. Му подвлеков на премиерот дека за надминување на постоечките недоразбирања добро би било да организираме заедничко чествување на одредени историски настани и личности кои различно се толкуваат во двете земји - изјави Орешански. Премиерот Груевски истакна дека двете земји и двата народа се преодредени да соработуваат и на економски и на политички план. - Го истакнавме значењето на натамошното зајакнување на регионалната соработка, а беше констатирано дека постои поголем простор за соработка во економијата. Од интерес на Македонија и Бугарија е воспоставување на покоординирана соработка - изјави Груевски.  
Слично

Поврзани вести