Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орбан станува експерт за бодликави жици

Орбан станува експерт за бодликави жици

Црна Гора од Унгарија доби бодликава жица за заштита на границата со Албанија од илегални имигранти, соопшти синоќа црногорскиот премиер Душко Марковиќ, по средбата со неговиот унгарски колега Виктор Орбан во Подгорица.

Марковиќ рече дека Црна Гора е подготвена за одбрана на границата од евентуално зголемување на приливот на мигранти, истакнувајќи дека се уште нема основа за поставување на жица на границата со Албанија.

Унгарија го зголемува производството на бодликава жица, метални столбови и други делови потребни за составување на бодликавата ограда, чија намена е да го спречи приливот на мигранти, објавија денеска унгарските медиуми. Портпаролот на Владата во Будимпешта Жолтан Ковач соопшти дека производството на бодликава жица се зголемува во случај Унгарија, која минатата година постави ограда од ваква жица на границите со Србија и Хрватска, да одлучи истото да го направи и на границата со Романија, или за случај да им е потребна на дру земји. 

Унгарија минатата година и продала на соседна Словенија 24.000 ролни бодликава жица и 16.000 метални столбови, додека на Македонија и донираше 100 километри жица и друга опрема, пренесува Танјуг. Делови од оградата од бодликава жица се произведуваат и во затворите, па така затворениците од казнена установа во Маријаностра на северот на Унгарија дневно произведуваат околу 100 ролни бодликава жица. .

Црногорскиот премиер додаде дека Владата е благодарна за донација на Унгарија во вид на спирална жица, доволна за покривање на 25 километри од границата.

Виктор Орбан оцени дека балканската бегалска рута треба да остане затворени и вети дека ќе и помогне на Црна Гора во справувањето со проблемот со нелегалната миграција.

- Кога Црна Гора ги брани своите граници, ја брани Унгарија и целата Европска Унија, рече Орбан.

Според него, Европа се уште прави сериозни грешки и не сака да се сфати дека е потребно воздржување од потези кои во Африка или на Блискиот Исток може да се толкуваат како „повик".


Слично

Поврзани вести