Орбан се жали дека имаат загуби поради санкциите кон Русија
Унгарските власти имаат критика за санкциите кон Русија.
Велат дека погрешните санкции на Брисел резултираа со вртоглав раст на цените на енергенсите, што доведе до дефицит во унгарската економија од 10 милијарди евра годишно, пренесе агенцијата ТАСС.
„Унгарија изгуби 10 милијарди евра поради санкциите врз Русија“, се жали унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Кажа дека унгарската политика која бара преиспутување на санкциите не изгледа претерано.
„Владата се надева дека земјоделието на земјата ќе проголта некои шест милијарди од тој дефицит, но во буџетот ќе остане дупка од четири милијарди“, рече Орбан.
Тој објасни дека оваа сума „ќе исчезне во социјалната потрошувачка, зголемувањето на платите и намалувањето на даноците“.
Орбан деновиве попушти под притисокот, а Европската Комисија(ЕК) деблокира средства за Унгарија.
