Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орбан побарал нова заштитна линија против бегалците – по северната граница на Грција

Орбан побарал нова заштитна линија против бегалците – по северната граница на Грција

Унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал ЕУ да постави нова „заштитна линија“ против бегалците - по северната граница на Грција. Според него, тоа се наметнува, бидејќи постигнатиот договор со Турција не е доволен за да се запре протокот на мигрантите, пренесоа агенциите.

Орбан е категоричен дека Бугарија - како и Грција треба да бидат примени во Шенген, а Македонија - да добие финансиска поддршка, за да се справи со бегалскиот поток, кој поминува низ нејзината територија.

Агенцијата потсетува дека Унгарија е една од земјите кои изградија огради по своите граници во обид да бидат запрени бегалците, барателите на азил од воен конфликт, и економските имигранти од Азија и Блискиот Исток.

Иако изградбата на слични заштитни објекти е остро критикувана од ЕУ, огради на границата кренаа уште и Словенија и Австрија, а други членки на Шенген ја вратија привремено граничната контрола.

Самата Грција не ја прифаќа идејата за зајакнување на контролата на северната граница, истакнувајќи дека проблемот не е таму, туку на југ - при илегалното влегување на бегалците по морето од Турција. Предлогот беше коментиран за време на состанокот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ во Брисел кон крајот на минатата година. Тогаш Атина упати сериозни критики дека не се прави доволно за да зачува надворешната граница на Шенген зоната.

На крајот грчката влада се согласи да дозволи експерти на „Frontex“ да помогнат за зајакнување на граничната контрола. Тие сепак во моментов се наоѓаат во центрите за регистрирање на бегалци по грчките острови и работат заедно со грчките погранични служби за проверка на документите и регистрацијата на бегалците.

Слично

Поврзани вести