Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОРБАН НА ДОРУЧЕК ВО СРБИЈА: Ќе се вози со новиот воз до Нови Сад

ОРБАН НА ДОРУЧЕК ВО СРБИЈА: Ќе се вози со новиот воз до Нови Сад

Денеска во Србија се пушта во редовна употреба редовната линија Белград- Нови Сад со брз воз откако беше изградена нова железница во тој дел на државата. На првото возење ќе присуствува унгарскиот премиер Виктор Орбан кој веќе пристигнал во српскиот главен град. Претстадетелот Александар Вучиќ изјави дека го угостил Орбан со доручек. 

„Го угостив мојот драг пријател Виктор Орбан на појадок пред заедничкото возење со брзиот воз и отворањето на делот Белград-Нови Сад на железницата во рамките на меѓународната железница Белград-Будимпешта. Да одиме што почесто во прекрасна Будимпешта, а да ве угостиме во прекрасната Суботица, Нови Сад и Белград – напиша претседателот на Инстаграм.

Работите за реконструкција и модернизација на пругата Белград-Будимпешта започнаа во 2017 година - 138 години од пуштањето во употреба на првата пруга во Србија и речиси половина век од пуштањето во употреба на железницата Белград-Бар.

 


Слично

Поврзани вести