Орбан: Добивме неограничено и целосно ослободување од санкциите против Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан се пофали со дипломатски успех на прес-конференција за унгарските новинари по средбата во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Денес беше одличен дипломатски ден. Не само што имаше самит меѓу премиерот и претседателот, туку имаше и билатерални средби на министерско ниво за сите прашања од значење за Унгарија и во надлежност на владата. Во врска со Турскиот тек и гасоводот „Дружба“, добивме неограничено и целосно ослободување од санкциите против Русија“, рече Орбан.
Тој додаде дека ова „значително ќе ги намали тековните трошоци на Унгарија“.
Орбан, исто така, откри дека Унгарија потпишала нуклеарен договор со САД. Во иднина, ќе купува нуклеарно гориво од „Вестингхаус“, а мали модуларни електрани ќе бидат испорачани во Унгарија. Американците, исто така, ќе обезбедат технологија што ќе ѝ овозможи на Унгарија безбедно да складира неискористени елементи на гориво.
foto printskrin
