Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОРАВ ЗАМИНУВА, ЖБОГАР седнува на амбасадорското столче на ЕУ во Македонија

ОРАВ ЗАМИНУВА, ЖБОГАР седнува на амбасадорското столче на ЕУ во Македонија

И официјално Словенецот Самуел Жбогар е новиот амбасадор на ЕУ што ќе го претставува Брисел во земјава.

Тој доаѓа на местото на Аиво Орав чиј мандат како шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија  истече летово .

Во 22-годишната кариера како дипломат, Жбогар  е вклучен во сите поголеми политички проекти на словенечката надворешна политика.

Жбогар веројатно нема да ја има двојната функција шеф на ЕУ-делегација и Специјален претставник на Унијата што досега ја имаше на Косово, туку само ќе биде амбасадор на Унијата во Република Македонија. За да биде Специјален претставник треба да се избере и во Европскиот совет, за што нема волја кај дел од земјите-членки на Европската унија, па останува само да го наследи Естонецот Орав.

Аиво Орав, пак заминува за амбасадор на ЕУ во Подгорица, Црна Гора.

Слично

Поврзани вести