Орав загрижен за Македонија-Европратениците ги „тресе“ негативна кампања!
Во денешниот говор во Собранието Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Аиво Орав искажа загриженост за земјава и за негативните кампањи кои се водат против еврокомесрот Хан и останатите посредници .
Кампањите, вели Орав, одат до тој степен што прераснуваат во закани, па во некои случаи мора да се зголеми нивното обезбедување.
Орав во врска со договорот од Пржино изјави дека тој уште не е мртов, иако тој има многу „болести“од кои една хронична - постојаното доцнење во имплементирањето.
„Ние сме тука за да ви помогнеме, бидејќи вие сте земја-кандидат, но сега веќе започна негативна кампања против посредниците на ЕУ, и на самиот комeсар Хан како и против неговиот експерт во Скопје, Вонхојте, амбасадорот. Дури и заканите се зголемени до таа точка што сме принудени да ги зголемиме мерките за безбедност“, изјави амбасадорот.
И покрај очекувањата на Брисел, дека Македонија сама ќе ги реши проблемите, тоа не се остварило без медијаторство на европратениците, заклучи Орав!
Слично
