Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орав со критики за медиумската сфера, а без коментар за Изборите!

Орав со критики за медиумската сфера, а без коментар за Изборите!

Бројни критики беа упатени на адреса на медиумите во земјава и за недоволната регулација во овој сегмет.

Амбасадорот на ЕУ Аиво Орав вели дека извештаите бележат небалансирано и нефер известување, постоење на самоцензура кај новинарите, се нема доволен пристап на новинарите до јавните информации, не се почитува независноста на регуларното тело, нетранспарентно финансирање на медиумите и уште низа критики.

Тој порача дека слободата и изразувањето на медиумите и понатаму остануваат предизвик за Македонија.

На ова излагање на Шефот на делегацијата на ЕУ Орав, реагираше директорот на Агенцијата за медиуми Зоран Трајчевски кој вели дека овие забелешки се предмет на само регулација на медиумите.

Орав не сакаше да ја коментира состојбата во земјава после распуштањето на Собранието и рече дека Европската унија ќе излезе со став и дека во тек им се консутации“.

„Треба да бидеме многу внимателни во она што ќе го кажеме, затоа уште се консултираме“, изјави Аиво Орав.

Слично

Поврзани вести