Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орав си заминува, кои се кандидатите кои ќе го заменат?

Орав си заминува, кои се кандидатите кои ќе го заменат?

Европската унија денеска потврди дека мандатот на Аиво Орав како шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија завршува и дека на лето ќе биде именуван нов амбасадор што ќе го претставува Брисел во македонската држава, јави дописникот на МИА од Брисел.

Маја Коцијанчиќ, портпаролка на Европската комисија и на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), во изјава за МИА потврди дека процесот на селекција на следниот шеф на ЕУ-делегацијата во Скопје е во тек и се одвива во рамки на ЕЕАС на Федерика Могерини. Иако Коцијанчиќ не сакаше да открие, според информациите на МИА од високи извори во Еврокомисијата, искусниот словенечки дипломат Самуел Жбогар е најсериозен кандидат да го наследи Орав, а заедно со него во финалната селекција на европската дипломатска служба за ЕУ-амбасадор во Македонија е и актуелниот британски амбасадор во Скопје, Чарлс Гарет.

„Функцијата на шеф на делегацијата на БЈР Македонија е дел од редовната ротација оваа година. Процесот на селекција за следниот шеф на делегацијата е во тек и како што е секогаш практиката, името ќе биде објавено кога постапката за избор ќе биде завршена“ - рече  Коцијанчиќ.

Словенецот Жбогар е пред промоција во нов амбасадор на Унијата во Република Македонија, велат високите извори од Брисел за МИА, инсистирајќи на анонимност. Единствен кој, наводно е влезен во последната селекција со Жбогар е актуелниот амбасадор на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет, но неговите шанси се наводно помали во однос на поранешниот министер за надворешни работи на Словенија.
Во 22-годишната кариера како дипломат, Жбогар  е вклучен во сите поголеми политички проекти на словенечката надворешна политика.
Слично

Поврзани вести