Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орав: Се е во рацете на партиите, дали ќе има избори или не!

Орав: Се е во рацете на партиите, дали ќе има избори или не!

В петок амбасадорите ќе ја соопштат проценката за одржувањето на изборите, поточно до каде се партиите со имплементирањето на „жешките точки“ од Пржинскиот договор.

Четирите политички партии имаат уште два и пол дена да ги спроведат трите услови кои произлегоа од договорот од јуни-јули а  тие се прочистување на Избирачкиот список, реформите во  медиумите и одвојување на партијата од државата.

Амбасадорите Орав и Бејли денеска имаа средба со членовите на ДИК, а Орав оттаму истакна дека се е во рацете на партиите и тие ќе го одредат датумот за избори.

-На 19 февруари ние ќе ја презентираме нашата оценка. Она што е важно во моментов, ништо не е подготвено. Се уште немаме оценка. Може да оди во еден или друг правец, се е во рацете на партиите, вели амбасадорот на ЕУ.

Засега е неизвесно доаѓањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој се шпекулираше дека е можно во земјава да дојде в петок. Од друга страна пак се брифираше и дека е можно лидерите на четирите политички партии да бидат повикани на средба овојпат во Брисел.

Слично

Поврзани вести