Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орав:Партиите треба да се вратат на преговарачка маса

Орав:Партиите треба да се вратат на преговарачка маса

Амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав порача дека по целосното повлекување на одлуката на Иванов за аболиција, политичките партии треба да се вратат на преговарачка маса за датумот на изборите.

Смета дека Договорот од Пржино е жив, а партиите немаат никакви пречки доследно да го применуваат.

„Значи дека политичките партии треба да се договорат околу механизмите како и кога треба да се организираат изборите и кои реформи треба да се применат. Сакам да потсетам дека мандатот на СЈО за извршување на истрагите е само 18 месеци. Се надевам дека правдата ќе победи и оти неказнивоста нема да биде повеќе тема на дискусија. Се надевам дека обвинителството ќе ја заврши својата работа без пречки и без напади од некоја политичка партија“- изјави Орав.

Вели дека повлекување на помилувањето, отвора пат за владеењето на законот и непреченото функционирање на СЈО.

Слично

Поврзани вести