Орав:Македонија се соочува со криза во однос на владеењето на правото
Шефот на делегацијата на ЕУ, Аиво Орав денеска на трибина за спречување на корупција изјави дека Македонија во моментов се соочува со сериозна политичка криза, но и криза во однос на владеењето на правото.
„За Европската унија справувањето со корупцијата, демократските принципи и владеењето на правото и човековите права е основа на процесот за проширување на Унијата“- кажа Орав.
Тој додава дека зголемените напори за борба против корупцијата на централно и на локално ниво се клучни за напредокот на земјата. Орав вели дека одлуката на Иванов за аболиција ги поткопа овие напори. Категоричен е дека сите државни институции треба да му помогнат на Специјалното јавно обвинителство да ја врши својата работа. За институциите Орав вели дека треба да им служат на сите граѓани, а не на неколку луѓе.
