Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орав ќе го врачи извештајот на ЕУ за напредок во евроинтеграциите

Орав ќе го врачи извештајот на ЕУ за напредок во евроинтеграциите

Претседателот Ѓорге Иванов денеска попладне ќе се сретне во резиденцијата на Водно со Шефот на Делегацијата на Европската унија Аиво Орав кој ќе му врачи  Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2015 година.

Европската комисија секоја година објавува извештај за напредокот на кандидатите и потенцијални кандидати во евроинтеграциите . Извештајот обично се објавува во почетокот на октомври, но оваа година тоа е одложено поради изборите во Турција и бегалската криза.

Извештајот на Ек-Оценување на состојбата и напредок на скалата со пет одредници

Овогодишниот извештај за напредок на земјите во европските интеграции се одликува со нов систем на оценувања кој треба да понуди појасен увид во тоа што треба да направат земјите во краткорочен и долгорочен период.

Новиот систем на оценување се однесува на постоечката состојба во некоја област и на остварен напредок, соопшти Европската комисија.

Освен тоа, ЕК оваа година усвои долгорочна стратегија на политика на проширување која ќе го опфати нејзиниот мандат, до 2020 година, додека досега секоја година усвојуваше нови стратегии во таа област.

Со таа стратегија, како што се наведува во соопштението, е потврден пристапот „прво на фундаментални области“, значење на регионална соработка и инфраструктурно поврзување и опфатеност на бегалската криза.

Во изработката на извештајот за напредок Комисијата значајно поголем придонес им придаде на состојбите во земјите кандидатки и потенцијални кандидати за членство и тоа во која мера се спремни да преземат обврски кој потекнуваат од членството.

Во извештаите сега појасно се објаснува што се очекува од земјите да направат во краткорочен и долгорочен период, се наведува во соопштението на ЕК.

Освен оценките што земјите мора да ги направат за да целосно ги исполнат барањата наЕУ, се објавуваат и јасни препораки на тоа на што земјите би требало да се посветат во наредните година дена.

„Овие измени ќе го направат процесот потранспарентен и ќе им овозможат на сите заинтересирани страни, вклучувајќи го цивилното општество, полесно да го следи спроведувањето на реформите“, се наведува во соопштението и се додава дека тоа ќе овозможи подобро споредување на земјите во различни области.

Новиот пристап пред се е примен во области на владеење на правото, економски развој, реформи на државно управување и три поглавја-јавни набавки, статистика и финансиска контрола.

Во извештајот посебно се оценуваат и постоечките состојби и остварен напредок на скала од пет одредници.

Постоечката состојба се оценува со „рана фаза“, „одредено ниво на подготвеност“, „умерно подготвен“, „добро ниво на подготвеност“ и „напредно“.

Напредокот во изминатите 12 месеци се оценуваше со „назадување“, „без напредок“, „одреден напредок“ , „добар напредок“ и „многу добар напредок“.

Комисијата ќе ги разгледа резултатите од овој „пилот пристап“ во изработка на извештајот, негово понатамошно прилагодување на потребите на известување и примена во други области во идни извештаи.

Слично

Поврзани вести