Орав и Пломп бараат целосно да се повлече аболицијата
Амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав и амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп на денешната трибина организирана од „Транспаренси интернешнл Македонија“ рекоа дека аболицијата мора да се повлече целосно.
Тие сметаат дека сите засегнати страни мора да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство. Според нив, само така нема да има селективна правда.
„Европската Унија јасно претстави дека селективната правда и помилување не се прифатливи. ЕУ заедно со другите меѓународни фактори ја нагласува важноста на СЈО. Ги повикуваме сите страни да престанат со спречување на работата на СЈО“ – рече кажа Орав.
Пломп е категоричен дека сите засегнати страни треба да го почитуваат владеењето на правото. Потребно е сеопфатно повлекување на помилувањата од претседателот, смета Пломп. Тој додава дека функционалната демократија е особено значајна за сите држави кои планираат да се приклучат на ЕУ.
