Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орав и Неделкова разговарале за судските реформи

Орав и Неделкова разговарале за судските реформи

Претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова и евроамбасадорот, Аиво Орав деновиве разговараа за  реформите во судскиот систем, донесените закони и нивната имплементација и ИПА-проектите за судството.

Неделкова на средбата ја изразила својата благодарност за досегашната соработка и за помошта од Европската Унија за повеќе проекти во судството.

„Истакна дека неопходно е да продолжи досегашната поддршка за судските реформи, заради обезбедување и подобрување на ефикасноста и на независноста на судството. На крај на средбата, претседателот на Врховниот суд, Лидија Неделкова, искажа благодарност за личниот ангажман на Аиво Орав и за соработката на Делегацијата на Европската комисија на Европската Унија со Врховниот суд на Република Македонија, во текот на времетраењето на неговиот мандат“ - стои во соопштението од судот.

На 23 јуни, Неделкова се сретна и со американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, со кого разговарале за досегашните резултати од реформите во судството.

Овие средби се случуваат во период кога сè почесто се зборува за потребата од формирање на специјално судско одделение кое би ги третирало предметите на СЈО.

Слично

Поврзани вести