Економија, финансии, бизнис

Контакт

Орав: Да престанат намерните провокации за политички цели

Орав: Да престанат намерните провокации за политички цели

Евроамбасадорот Аиво Орав, порача денеска дека насилството треба да запре, да престанат политичките провокации, а партиите да почнат да се подготвуваат за избори.

Оваа негова реакција уследи кратко време откако претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски распиша избори за 5 јуни. Нагласи дека СЈО треба да си продолжи со својата работа за да владее правото и правдата во земјава.

„Постојано има идеи што да се направи со судскиот систем во земјава, но тоа може да биде успешно само во нормален политички процес каде што ќе се врати владеењето на правото, доколку политичарите престанат да ја трошат својата енергија на бесцелни политички дебати и во атмосфера на неказнивост. Сакам да повикам да престанат намерни провокации за политички цели бидејќи тоа е неприфатливо. Ако почне да се шири насилството навистина е тешко да се сопре и ќе ги поткопа напорите за европска интеграција на земјата. За таа цел ги повикуваме сите страни да се вртат на маса да дискутираат и да се подготвуваат за кредибилни избори“ – вели Орав.

Тој се надева дека лидерите ќе преземат целосна одговорност и ќе почнат да ја решаваат политичката криза.

Слично

Поврзани вести